Законот за државјанство не помина, АА и Алтернатива ќе вратат со блокади на други закони

Од:

На денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност пратениците не гласаа за Предлог на законот за измени и дополнувања на Законот за државјанство, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива, бидејќи нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 600 амандмани за текстот, кои се дадени на превод.

Дополнително, пратениците од СДСМ и коалицијата се изјасниле дека нема да го поддржат Законот, истакнувајќи поголем број причини за тоа.

Претседателот на Комисијата Миле Талевски за МИА изјави дека тие се екслицитно против овој закон поради поголем број причини, меѓу другото и поради фактот дека не е во согласност со Европската конвенција за државјанство. СДСМ, како што кажа, не поднесе амандмани, но предлага општа расправа за темата за државјанства.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативе ќе го блокираат секој закон што ќе дојде во Собрание, без разлика за каков закон и да станува збор. Ова денеска од собранискиот прес-центар го изјавија претседателите на партиите, Зијадин Села и Африм Гаши.

– Ова блокирање што го прават поличките актери можам да го опишам само како злобност. Од овој момент најавуваме дека секој закон што ќе дојде во Парламент, без разлиика за каков закон и да станува збор, ние ќе се однесуваме исто со илјадници амандмани додека не се отстрануваат амандманите што го блокираат законот што се однесуваат на тоа да се биде човек – Законот за државјанство, рече Села.

И претседателот на Алтернатива Африм Гаши истакна дека нивните два субјекта ќе блокираат секој друг закон, бидејќи, какон што рече, тие мислат дека ниту еден друг закон не е побитен отколку реализацијата на човечкото право во нашата земја.

– Овој пристап е погрешен и ги повикувам сите владини и опозициски субјекти да го анализираат добро уште еднаш внатре во нивните партии. Да не гон политизираат и етнизираат законот и да го третираат како основно човечко право, и да го подобриме законот, рече Гаши.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски