Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги помина во Комисијата за транспорт и врски

Од:

Професионализација на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на МРТВ, е една од целите на Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, кој денеска помина во прво читање во собраниската Комисија за транспорт и врски, а беше образложен од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Во насока на професионализација на работата на АВМУ и МРТВ, се зголемува транспаретноста при изборот на кандидатите за членови на Советот на Агенцијата и на Програмскиот совет на МРТВ, кои се пријавуваат на јавен конкурс, со детално образложение за своите достигнувања и искуства. Комисијата за избори и менувања треба да ги провери и да организира јавна расправа.

-Јавноста тука е присутна како главен механизам за транспаретност и обезбедување на професионалноста, вели Манчевски.

Гласање за членовите за двата совета ќе се врши со двотретинско мнозинство, така што ќе се обезбеди и поддршката од опозицијата. Кандидатите за членови во советите, но и за директор на Агенцијата не смеат да биле членови во органи тела на политичка партија, избрани или именувани лица, функцонер кој раководи со орган на државна управа, министерство или со јавно претпријатие, како и АД основани од државата во период од десет години сметано наназад од годината во која ја поднесува кандидатурата.

Манчевски појасни дека со законот се регулира и начинот на кој се емитува музика на македонски јазик или на јазикот на некоја од етничките заедници. Се укинува задолжнителниот процент за емитување домашна музика, но постои мотивација. Оние кои ќе емитуваат согласно процентот на емитуваната музика од домашно потекло ќе добијат намалување на висината на годишната лиценца за надоместок на годишната работа.

Се укинува радиодифузната такса, а радиодифзната дејност се финансира со 0,7 проценти од приходите во буџетот, претходната година, при што 74,5 отсто одат за МРТВ, 19,5 отсто за Македонската радиодифузија, а шест отсто за АВМУ.

Членовите на Комисијата се согласија на натамошна собраниска процедура да ги достават и Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, Предлог на закон за изменување и дополнување на закон за електронско управување, како и Предлог на закон за изменување на законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови