Законодавно-правната комисија ќе расправа за автентичното толкување на член 11 од Законот за помилување

Од:

Собранието на Република Северна Македонија за денеска во 14 часот е закажана седницата на Законодавно-правната комисија на која треба да се расправа по Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Владата вчера даде зелено светло и го испрати до Собранието мислењето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, по што собранискиот спикер Талат Џафери го доставил до претседателката на Законодавно правната комисија Соња Мираковска.

Во мислењето на Министерството за правда што го прифати Владата се вели дека Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11, кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка.

– Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во„Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни, се вели во соопштението.

Целта на автентичното толкување, според подносителите, е да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела, односно активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Ѓорге Иванов, а во контекст на можната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ ја напушти седницата за интерпелациите на неколку министри

Катерина Ѓуровски

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата седница закажани се пет интерпелации

А1он

Собранието го донесе Законот за учебници

А1он

Предлог на законот за средно образование по барање на Владата е повлечен од собраниска процедура

Горан Наумовски

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски