Законите што Иванов ги враќа, ќе чекаат потпис од новиот претседател

Од:

Законите што претседателот Ѓорге Иванов ги враќа во Собрание без да ги потпише, ќе чекаат на потпис од новиот претседател за да бидат објавени во Службен весник и да стапат на сила. Претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите рече дека во случај да нема цензус ни на вториот круг претседателски избори, тој не ја исклучува можноста самиот да ги потпише како дел од должностите на в.д претседател на државата. Цитирајќи го Уставот, Џафери изјави дека во случај да нема цензус, тој повторно да распише нови претседателски избори во рок од 6 месеци.

Џафери рече дека нема намера да закажува седница по 1 април без разлика на исходот од преговорите за СЈО ,бидејќи од претходно искуство пратениците ќе тераат кампања наместо да дискутираат за законите.

„И да се договорат сега, не можам да закажам таква седница, зашто досегашната пракса покажала дека пратениците на такви седници си тераат кампања. Тоа нема да им го допуштам. Нека контактираат овој период, нека се договорат и нека ги надминат разликите за СЈО, нема проблем да закажам седница по 6 мај, кога ќе бидат завршени претседателските избори“, рече Џафери.

Тој им порача на партиите и кандидатите да водат фер и достоинствена кампања на претстојните избори.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата