Закажан терминот за почеток на судењето против Заев и Верушевски во случајот „Пуч“

Од:

На 5-ти август ќе се одржи првото судско рочиште за случајот „Пуч“ во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се товари за насилство спрема високи државни органи. Предметот и е поделен на судијката, Љубинка Башевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Златко Биковски заедно со неговата колешка Лиле Стефанова.

Со обвинителниот акт за случајот „Пуч“ се опфатени пет лица. Првообвинет е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, кој се товари за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и за помагање во насилство спрема претставници од највисоки државни органи. Второобвинетиот, Ѓорѓи Лазаревски, техничар во УБК , е обвинет за поттикнување неовластено прислушување и тонско снимање и помагање при делото шпионажа.

Сопругата на Верушевски, Соња Верушевска, е обвинета за помагање при шпионажа. Петтообвинетиот, Бранко Палифоров, вработен во Општина Струмица е обвинет за помагање при кривичното дело – насилство спрема највисоките државни органи.

Заев пред два дена изјави дека не го признава правосудството и дека во иднина, во знак на бојкот, нема да се појавува на рочиштата. На органите им порача да дојдат во седиштето на СДСМ да го уапсат.

Според правниците постои можност Заев да биде уапсен веќе наредната недела доколку не се појави во струмичкиот суд. За непочитување на мерката може да биде известен скопскиот Кривичен суд, во кој се води предметот „Пуч“, а тој да одлучи дека нема друг начин да се обезбеди неговото присуство на судењето што треба да следува.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов