Закани за вработените во МРТВ: Ако дојде нова Влада нема да имате плата

Од:

Страв, паника и револт кај вработените во Јавниот сервис МРТВ. Секојдневно се присутни притисоци и закани дека нема да добиваат плата доколку се избере нова Влада.

„Ни велат, дека веќе плата никогаш нема да видиме доколку падне актуелната власт и дојде друга формирана од опозицијата. За МТВ ни раскажуваат најцрни сценарија, но најмногу не револтира тоа што не пребројуваат и тераат да одиме масовно на протестите на „За заедничка Македонија. Наши вработени се во првите редови, а некои и говорат на протестите“, вели за А1он вработен во МТВ.

Оние кои се послушни и одат на протестите се ослободени од обврските, а од другите бараат редовност и исполнување на норми.

Вработен во МТВ посочува дека активни учесници на протестите се и носители на надворешни проекти на Јавниот сервис.

Би можело да ве интересира

МТВ проверува упад во системот, реакција откако вчера немаше Дневник во центрлните термини

Катерина Ѓуровски

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

Почина Јулијана Тануровска, новинарка и одговорен уредник во МТВ

Предраг Петровиќ

Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица