Зајакнување на правата на децата преку „дете правобранител“

Од:

Коалиција на младински организации СЕГА во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ трета година по ред оргазнизира во Струга обука за 15 ново избрани Деца правобранители од средните училишта од Битола, Охрид, Струга, Штип и Гостивар.

На обуката, децата ќе стекнат знаења за Конвенцијата за правата на децата и како да ги информираат нивните врсници за пријавување на прекршувањето на детските права во нивните училишта. Преку примери на прекршени детски права, процедура за поднесување на претставка ќе им биде презентирана нивната нова функција како деца правобранители во училиштата. Исто така преку оваа обука децата правобранители ќе се едуцираат за Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на детето (UNCHC) и ќе можат да се утврдат начините на соработка, како и функционирање со Народниот правобранител на Р. Македонија задолжен за детските права. Истовремено преку оваа обука, децата правобранители ќе се стекнат и со знаења како да ги едуцираат своите врсници за пријавување на прекршување на детските права во нивните училишта.

Моделот на дете правобранител кој функционира во 10 основни училишта во Македонија е единствен во Југоисточна Европа и претставува одлична институционална алатка за пренесување на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита на детските права, како и за заштита на детските права во училиштатата. Во 1993 Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето и со тоа се обврза да направи напори за успешно спроведување на обврските од истата, а во 2002 година Р.Македонија стана и потписник на Конвенцијата за забрана и за елиминација на најлошите видови на детски труд донесена од страна на Меѓународната организација на трудот во која беа потенцирани најлошите видови на детски труд и обврските за државите потписнички што треба да ги преземат за спречување на злоупотреба на детскиот труд

– Коалиција СЕГА континуирано работи на подобрување на правата на децата и овие активности придонесуваат за подобрување на нивните права во училиштата. Среќни сме што постои голем интерес за соработка од страна на училиштата. Овие активности значително придонесуваат за подобрување на знаењата на децата за нивните права и обврски, вели извршниот менаџер Зоран Илиески.

Проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ е финансиран од детската фондација Песталоци. Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р.Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 22 членки.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он