Зајакната акциска контрола во Прилеп, две лица лишени од слобода, девет возачи казнети

Од:

Во периодот 19/20.09.2022, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Прилеп извршија засилени сообраќајни контроли, при што контролирани се 45 возила, а санкционирани се девет возачи. Од нив пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, три возеле под дејство на алкохол и санкциониран е уште еден прекршок, извести МВР.

– Исто така, при контролите на полициски службеници од Одделот за униформирана полиција при БЈБ во соработка со ОВР Прилеп од слобода биле лишени две лица. На ул.„Карпалак“ од слобода бил лишен Б.М.(23) од Прилеп затоа што при преглед кај него и возилото „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана. Кај с.Тројаци, прилепско, од слобода бил лишен Т.П.(37) од с.Возарци, кавадаречко, затоа што при контрола било констатирано дека врши јавен превоз без соодветна документација, а притоа не поседувал ни возачка дозвола, соопшти МВР.

По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас