Захарова: Лавров ќе има повеќе билатерални средби во Скопје

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе има повеќе билатерални средби на маргините од Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, а се предвидени и мултилатерални состаноци, соопшти денска портпаролката на МНР на Русија Марија Захарова.

– Можам да потврдам дека има многу барања за билатерални средби. Ќе има и мултилатерални средби, во мултилатерални формати, информира Захарова на денешниот брифинг во Москва, пренува ТАСС.

Захарова не откри детали со кого се Лавров ќе се сретне во Скопје, но се пожали на опструкции од, како што наведува, САД и „колективниот Запад“ со цел да се спречи нормалното учество на Русија на форумот на ОБСЕ. Посочи и дека на неколку руски новинари им било онезвоможено да го следат учеството на руската делегација на настаните во Скопје.с

Би можело да ве интересира

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Германскиот министер одби заедничка фотографија со Лавров, Москва реагира: „Се исплаши“

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Москва до Вашингтон: „Ослободете го Мадуро“