Захарова: Бујар Османи избегнал атентат во Молдавија во февруари

Од:

Украински агенти подготвувале атентат врз шефот на дипломатијата Бујар Османи, за време на неговата посета на градот Тираспол во февруари, како претседавач на ОБСЕ тврди портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„На 14 февруари се подготвувал терористички напад пат против претседавачот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи и шефот на мисијата на ОБСЕ во Молдавија, американската државјанка Кели Кејдер-Линг“, пишува Захарова на Телеграм.

Информациите за наводниот атентат, Русија наводно ги добила од уапсениот Вјачеслав Кисничан, за кого Русите тврдат дека е украински агент. Тој наводно атентатот го подготвувал во својата гаража.

„Во последен момент, Кисничан сфатил дека не може да ја разнесе поворката на ОБСЕ без да се повреди и се откажал од првичниот план. Сето тоа го признал на распит“, тврди Захарова.

Ваквите информации уште во март ги објави молдавскиот медиум „Реалитатеа“, според кој бил испланиран напад врз Мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи пред еден месец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Османи бил во посета на овој регион.

Би можело да ве интересира

Захарова ѝ се заканува на Европската унија

Захарова: ЕУ сака да ги попречи сите мировни напори пред средбата меѓу Путин и Трамп

А1он

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он