А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Захариева: Софија и Атина се подготвени да му помогнат на Скопје за реформите

by А1он22/10/2017 - 20:58150
Share0

Бугарија и Грција се подготвени да и помогнат на Македонија за спроведување на реформите за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Добивај вести на вибер

– Потребно е прво да се изгради доверба меѓу политичките раководства. Тие имаат долг пат и многу реформи за да започнат преговори за влез во Европската унија. Разговаравме со Грција и подготвени сме да испратиме експерти да и помогнат на Владата да ги спроведе неопходните реформи, рече Захариева во изјава за бугарското радио „Дарик“.

Според неа, пречка за приемот на Македонија во ЕУ беше „политиката на земјата која беше против соседите, против Бугарија, против Грција“.

– Поигрувањето со „ние сме најголемите“ не помага. Македонските граѓани сакаат да се интегрирани. Тоа е една од причините зошто се уште не ги започнале преговорите. Не постои можност европските држави да се согласат со таквата политика, рече Захариева.

Таа оцени дека новата македонската Влада има многу јасен план за реформи и се размислува наскоро да се одржи заедничка седница со бугарската Влада.

bugarijaeuimetonato

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Горан Наумовски10/04/2026 - 21:26

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:59

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Горан Наумовски09/04/2026 - 19:35

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Горан Наумовски09/04/2026 - 18:10

Келог: Време е за нов сојуз

Горан Наумовски02/04/2026 - 21:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто