Захариева: Правиме се Македонија да започне преговори за членство во ЕУ

Од:

Договорите меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција се многу важни и сметам дека новиот со Грција нема да се одрази на нашиот, рече министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева одговарајќи на прашање како потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција ќе се одрази на веќе потпишаниот договор меѓу Македонија и Бугарија за добрососедство.

Захариева мисли дека новиот договор нема да се одрази на договорот што го имаат потпишано Македонија и Бугарија.

– Ние имаме договор меѓу нас од неодамна, но не мислам дека новиот договор ќе се одрази на нашиот договор, затоа што во предлог договорот меѓу Република Македонија и Република Грција има одредба која вели дека ништо не може да противречи на веќе потпишани пред тоа двострани договори. Мислам дека и двата договори се многу важни и ние ја даваме целата поддршка и правиме се што е возможно на крајот на месецот, на самитот на Европскиот совет на 26 и потоа на 29 и 30 јуни, Македонија да започне преговори за членство во Европската унија. Тоа е нашата цел, рече Захариева.

Додаде дека по потпишувањето на договорот меѓу двете држави, пораснала трговијата и бизнисот, а зголемен е и бројот на туристи меѓу двете држави.

– Тоа е начинот, да бидеме заедно и да работиме заедно за европската иднина. Ние ќе продолжиме да даваме поддршка и по нашето претседавање со Европската унија. Убедена сум дека тоа треба да се случи и тоа е најдоброто за граѓаните на Република Македонија, рече Захариева, која денес престојуваше во посета на градинката „Сонце“ во Ново Село, каде бугарската влада донираше компјутери.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Земјите од Западен Балкан да вложат напори за промовирање и да најдат решенија за регионалните и билатералните спорови

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

Блумберг: Зеленски утре ќе присуствува на самитот на ЕУ во Брисел

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

ЕУ носи голем план за домување, ќе се градат државни станови по прифатливи цени

Предраг Петровиќ

Орбан: САД сакаат мир, Европа сака војна