Захариева: Од заеднички интерес е ние да ја признаеме вашата реалност, но нема да ги промениме условите

Од:

Од заеднички интерес е Македонија да ја признае историјата, а истовремено ние да ја признаеме нивната реалност во моментов, вели шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

Таа за бугарската телевизија Канал 3 истакна дека Бугарија води мудра надворешна политика и нема да дозволи да биде искористена во предизборната кампања кај соседот, но нема ни да ги промени условите.

-Ние имаме интерес тие да ја признаат историјата, а во исто време ние треба да ја признеме реалноста во моментов, вели Захариева во врска со условите под кои Бугарија би ја поддржала земјава.

Запрашана дали е можно бугарско вето поради прашањата за историјата и јазикот, истакна дека тоа не е интерес на Бугарија.

-Ние имаме јасна позиција во однос на Република Северна Македонија, секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови, тие не се сменети. Изборите поминуваат, соседите остануваат. Географијата е најнепроменливото нешто во ваков непредвидлив свет, соседите остануваат. Ние имаме интерес и тие да ја признаат историјата, а истовремено, ние да ја признаеме реалноста во моментов. Тоа е взаемен интерес, изјави Захариева.

Би можело да ве интересира

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа

ВИДЕО: Страотен верижен судар во Бугарија, 12 загинати

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди