Захариева: Договорот за добрососедство ќе се ратификува следната недела

Од:

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерија Захариева изјави дека се надева оти Договорот за добрососедство со Македонија ќе биде ратификуван идната недела во бугарското Народно собрание.

Во интервју за Бугарската национална телевизија, Захариева изјави и дека ќе се формира комисија за историја, со цел таа да не се политизира.

Во однос на прашањето за името, шефот на бугарската дипломатија нагласува дека Софија одамна ја призна Република Македонија под уставното име, пренесува МИА.

– Важно е да се среќаваат луѓето, да се подобри инфраструктурата меѓу двете држави. Петстотини илјади македонски граѓани ја посетуваат Бугарија, а 350 илјади Бугари одат во Македонија. Прашањето е како ќе се применува тој договор. Од тамошната опозиција јазикот кон Бугарија е сосема различен. Силниот национализам и кампањата против соседите покажа дека не носат резултати, рече Захариева.

Премиерите на Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август, годинава, во Скопје го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји. Двајцата договорот го оценија како историски исчекор кој ќе трасира пат кон стабилност на двете земји и регионот

Со документот кој треба да биде ратификуван во двата парламента, меѓу другото се предвидува и формирање на Комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на докази научно толкување на историските настани.

Би можело да ве интересира

Пожар избувна во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Жељазков: Имаме еден месец да одлучиме за иднината на рафинеријата Лукоил

Ги уби мајка му, сестра му и тетка му, па им ги запали телата

А1он

(ВИДЕО) Златна треска во Бугарија: исчезна сеф со милиони и злато – приморски град под полициска опсада

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

Бугарите ќе играат финале на светско првенство

А1он