Захариев вети енергетски фасади на старите згради во Штип

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција во населбата 8 Ноември најави дека сите станбени згради, кои се стари од 30 до 50 години ќе добијат енергетски фасади, по сите стандарди, а нивната реконструкција ќе биде направена со средства од буџетот на општина Штип.

– Тоа значи дека зградите во населбата 8 Ноември, оние т.н згради кои се направени по руска технологија, зградите кои се наоѓаат во населбата „Автокоманда“, каде голем дел од нив се доизградија, надградија и се легализираа. Зградите кои се наоѓаат во населбата „Сењак“, во централното градско подрачје посебно седумте кули Општина Штип со сопствени финансиски средства ќе ги направи новите фасади, вели Захариев.

Тој забележа дека со реконструкцијата на фасадите ќе се промени и ликот на населбите, а истовремено на зградите каде што се поставени кровните конструкции надвор од сите стандарди ќе бидат пставени нови, за да станарите бидат максимално безбедни.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите