Захариев: Реални и остварливи проекти во Штип

Од:

Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Илчо Захариев на денешната прес-конференција истакна дека му претстои уште еден четиригодишен манадат во кој ќе ги реализира сите проекти кои, како што рече, се реални и согласно потребите на граѓаните.

– Програмата е остварлива. Имаме добри проекти и верувам дека тие ќе заокружат нешто што го започнавме во минатиот мандат. Нашите политички конкуренти во недостиг на идеи, во состојба на безидејност и немање добра програма во оваа кампања се служеа со лаги, клевети и црна кампања, рече Захариев.

Тој истакна дека граѓаните се тие кои ќе одлучат на 15 октомври дали ќе гласаат за искуство, работливост, знаење и посветеност или за лагите, клеветите и црната кампања.

Захариев посочи дека на градот Штип му претстојат 450 проекти.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?