Захариев: Над 1.000 плацеви за куќи ќе има за младите брачни парови

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција најави проект за решавање на станбеното прашање на младите брачни парови до 35 години. Во тек е подготовка на урбанистичката документација за продажба на 1.000 плацеви во населбите Баби и Три чешми.

– Големината на плацевите ќе биде од 250 до 300 м/2, а цената ќе биде по едно евро за м/2 или по плац за 250 до 300 евра. Сакам во оваа прилика да кажам дека голем број на млади сакаат да имаат сопствени куќи и дека општината комплетно и целосно ќе ги ослободи од комуналии, со тоа комплетно градењето на овие куќи ќе биде со почетна цена од 250 до 300 евра, рече Захариев.

Тој истакна дека интерес има кај младите брачни парови, а една штипска компанија е заинтересирани и да купи околу 160 плацеви за да гради куќи за своите вработени.

– Во нашата програма е многу важно да дадеме да луѓето легално градат, досега градее на диво па имаме над 11.000 дивоградби. На овој начин кога ќе дадеме понуда под многу поволни услови, каде што општината максимално ќе партципира и субвенционира, а тоа е да нема да плаќаат комуналии, мислам дека интересот на младите ќе биде огромен, вели Захариев.

Во населбата „Баби“ се планирани 250, а останатите 750 плацеви се во населбата Три чешми во непосредна близина на индустриските зони.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците