Захариев: Да ги завршиме заедно почнатите проекти

Од:

Да ги довршиме заедно почнатите проекти и дела, им порача денеска на штипјани кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев во своето последно обраќање пред изборниот молк, кој почнува вечерва на полноќ.

Захариев на прес-конференција рече дека сочувствува со граѓаните и жали што во кампањата за вториот изборен круг биле окупирани со над 150 припадници на Министерството за внатрешни работи.

– Притисоци, закани, уцени, тортура беше наше секојдневие. Штип имал автономија и во турско, се уште одекнуваат песните на славните војводи од Ново Село. Камениот Мост е сведок за борбата на штипјани за слобода. Тврдината на Исарот и Алејата на нашите великани партизани е незаборавно, постојано потсетува на непокорот кој живее со векови, тука покрај водите на реките Отиња и Брегалница, рече Захариев и побара поддршка од граѓаните на 29 октомври.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?