Захариев: Бесплатен оброк за штипските ученици од прво до петто одделение

Од:

Учениците од прво до петто одделение во сите централни и подрачни училишта во Штип ќе добиваат бесплатен оброк, кој ќе го финансира Општина Штип, најави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Штип, Илчо Захариев.

– Над 2.000 ученици и тоа во училиштето „Славејко Арсов“ во населбата Баби, „Димитар Влахов“ во населбата Сењак, потоа училиштето „Тошо Арсов“ во населбата 8-ми Ноември, училиштето „Гоце Делчев“ на Радански пат и секако училиштето „Ванчо Прќе“ и сите ученици кои ги имаме во подрачните училишта ќе добиваат бесплатен оброк, почнувајќи од наредната година. Мислам дека на тој начин ќе им помогнеме и на родителите, но пред се на училиштата, а најмногу на најмалите затоа што тоа не е голем трошок на општината, а ќе биде голема придобивка за 2.000 ученици кои учат од прво до петто одделение, вели Захариев.

Тој се осврна и на информациите кои, како што рече, ги шират поддржувачите на неговиот противкандидат во текот на кампањата за вториот круг дека доколку граѓаните гласаат за Захариев, пари за проекти од централната власт за Општина Штип нема да има.

Рече дека не држат тврдењата оти доколку победи тој, Владата нема да пушта пари за општината.

– Граѓаните плаќаат даноци, давачки, како и сите други граѓани. Стопанството ги плаќа сите давачки има законски рамки и обврски централната власт да си дава блок дотации за нашата општина. Всушност кога господинот Заев беше градоначалник на Струмица од СДСМ централната власт си ги сервисираше сите свои обврски кон општината, вели Захариев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор