Тетово најзагаден град во светот, алармантно и во Скопје

Од:

Тетово повторно најзагаден град во светот, а Скопје на третото место во Европа, според официјалните мерења на „Нумеро“. Граѓаните масовно се трујат, а за власта поважно е да се градат барокни фасади низ градот. Само во последната година 290.000 граѓани се заболени од белодробни заболувања како резултат на екстремно високото загадување во државата.

Screenshot_1

Поради игнорантскиот однос на власта, од граѓанската иницијатива „Ќе дишеме или ќе издишеме“ најавуваат масовни протести во престојниот период, како и здружувања со другите иницијативи.

Од граѓанската иницијатива велат дека во моментов најмногу ги загрижува високата концентрација на ПМ 2.5 честичките. Од таму нагласуваат дека овие честички се вдишуваат побрзо и директно влијаат на кардиоваскуларниот систем.

– Она што нас како иницијатива повеќе не загрижува во моментов е ненормално високата концентрација на Пм 2.5 честичките. Граѓаните треба да бидат информирани дека нивната штетност е далекупоголема од штетноста на Пм 10честичките.Побрзо се вдишуваат и одат директно во белите дробови.Граѓаните мора да бидат свесни дека пм 2.5 честиците можат директно да влијаат на кардиоваскуларниот систем, велат од иницијативата.

Од граѓанската иницијаива додаваат дека Институтот за белодробни заболувања во Козле се уште не е отворен, и оти во моментов мора да издејствуваат за нејзино отварање.

12208236_458504917667176_1988594804_n

– Некој мора да сноси одговорност што во овој момент Институтот не е во функција. Бројот од околу 290.000 случаи, од кои поголемиот дел се дечиња до 6 години за 2014та треба да ги замисли „неодговорните“ како ќе се појават пред нивните родители. Револтот кај населението е огромен, бројот на пораки до иницијативата е огромен. Потребно е здружување со иницијативите од другите градови, реагираат од „Ќе дишеме или ќе издишеме“.

Иако градоначалникот на Град Скопје на прашањето во врска со загадувањето тврдеше дека преземаат доволно мерки и дека раководителот на екологија објаснил како, сега од Градот вината ја префрлаат на Министерството за животна средина од каде велат мерките за загадувањето ги преземаат локалните власти.

Додека тие вината за негрижата си ја префрлаат едни на други, вчера вечерта во скопската наслеба Лисиче се измерени рекордни 390 микрограми на метар кубен од ПМ 10 честичките, што е далеку повисоко од дозволените 50 микрограми на метар кубен. Денеска, висока загаденост има во речиси сите општини каде што се мери квалитетот на воздухот, со исклучок на Ректоратот, Битола 1 и Кочани.

– Обратете се во Министерство за животна средина. Градот единствени мерки што може да преземе е после десетиот ден и услови за истото е да се прска со калциум магнезум ацитат и тоа е единствената мерка, останатите се мерки кои треба да ги преземе министерството, беше единствениот одговор кој го добивме Град Скопје.

Според Министерството, единствено локалните власти преземаат мерки, а нивна работа е да вршат мониторинг и истото да и го презентираат на јавноста.

– Нашите мониторинг станици вршат мерење на квалитет на моментален воздух. Мерки што треба да преземат се локалните власти. Ние како министерство сме надлежни само за мониторинг системот и на јавноста да и презентираме каква е состојбата во воздухот, велат од Министерството за животна средина.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов