Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.

– Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година), се вели во соопштението од МЖСПП.

Согласно настанатата состојба, посочуваат од Министерството, за Струмица важат повеќе мерки меѓу кои да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола, да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати, како и инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци. Се препорачува и да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила, да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата и забрана на горење на отворено.

– Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот. Mеѓу другото се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

„Од смогот не се гледа иднината“ – Протест за чист воздух

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина 37-годишен струмичанец

Горан Наумовски