Заев: Живееме во вештачки конструирана средина

Од:

„Политичката состојба во Македонија и позициите на СДСМ” беше тема на денешната панел дебата на Социјалдемократската младина на Македонија со претседателот Зоран Заев, во рамки на летниот камп што традиционално се одржува во Охрид.

„Живееме во вештачки конструирана средина, каде што на свој грб, ги чувствуваат последиците од поразителните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволството е присутно, дури и кај членовите на владејачката партија. Вие младите сте тие кои ќе бидат меѓу главните охрабрувачи, за враќање на нормалните вредности во оваа земја“ рече во обраќањето претседателот Заев.

Претседателот Заев говореше и за Стратегијата на СДСМ, за којашто деновиве се разговара и во општинските организации на партијата и со интелектуалната јавност и граѓанскиот сектор.

Младите дадоа поддршка за истрајност во политиките на вонинституционалното дејствување на опозицијата.

„СДСМ нема да отстапи од своите барања, а Стратегијата на СДСМ ќе понуди широк опсег на конкретни активности, што ќе бидат видливи за јавноста и во коишто ќе биде вклучена самата јавност. Основната цел е ослободување на Македонија од стегите на оваа власт. Општеството посакува промени”, посочи претседателот Заев.

Претседателот на СДММ, Стефан Богоев, се заблагодари на своите другари и сопартијци за решителноста и принципиелноста да се истрае во борбата против актуелната режимска власт.

Zaev, leten kamp2

Zaev, leten kamp

Leten kamp, SDMM

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра