СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

Од:

Поминаа 14 дена и се уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регонот, како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница и кој ќе одговара, се вели во соопштението од СДСМ.

„Сите молчат. Мицкоски, Тошковски, Николовски, Тарчуловски, Томовски… Овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко-скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски. Дополнително, со медиумската кампања за дефокус Мицкоски самиот се заплетка. Јавно тврди дека 100 тони марихуана биле запленети. Ако некој успеал 100 тони марихуана нелегално да произведе, повторно тоа е вина на Владата на Мицкоски и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле“ соопштија утринава од опозициската СДСМ.

Велат „За да се произведе 100 тони марихуана потребна е површина од над 30 хектари што е еднакво на површина од над 40 фудбалски стадиони. Па кој во власта дозволил толкава површина да се одгледува во Македонија? Зошто власта не направила ниту еден контрола на терен? Зошто не реагирала МВР, Здравство, Земјоделие, инспекторати“.

Од партијата прашуваат „Две години ништо не презеле? Како безбедносните служби не приметиле толкава количина на марихуана? Што правеле АНБ и АР? Како се чувала, се складирала, се пакувала во кутии?“.

„Конечно, доаѓаме до клучното прашање, како поминале 5 тони дрога, шлепери и шлепери покрај 65 илјади камери од сејф сити, скенери, контроли, полиција, царина? Нема бегање од одговорност за нарко -скандалот. Сите ќе одговарате“ е ставот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“