Заев: Во борбата на нотарите и адвокатите за подобра заработка, забораваат дека сите им служиме на граѓаните

Од:

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го повлече најавениот предлог-закон за нотаријат бидејќи адвокатите бараа повлекување или најавија штрајк, тој одговори дека правото на штрајк на адвокатите не им бега.

„Ред е прво да разговараме, а после тоа правото на штрајк не им бега. Јас денеска закажав состанок со министерот за правда и заменик министерот за правда, мојот советник за правни работи, но и претседателот на Комората за нотаријат на нотарите, претседателот на Комората на адвокатите и претставникот на Стопанската комора којашто работи на оваа проблематика. Верувам дека денеска ќе најдеме решение коешто ќе биде прифатливо за двете страни, а во функција на закон којшто пред сè ќе им служи на граѓаните. Во борбата кој ќе добие повеќе можности да заработи, се забораваат дека сите им служиме на граѓаните преку пренесени овластувања, пред сè нотарите, но секако и адвокатите. Наша конечна цел како влада е да ги намалиме трошоците на граѓаните во било која постапка“, рече премиерот.

Тој се надева дека ќе имаат разбирање од претставниците на двете комори и на Стопанската комора на Македонија да изнајдеме правично решение и секој да добие фер шанса согласно Уставот и законите да заработува од Република Македонија, но и граѓаните да добијат пониски сметки при нивните правно формални постапки којшто ги водат пред институциите.

„Законот секако ќе претрпи промени. Јас тоа што можам од старт да го кажам е дека во еден дел сигурно се во право адвокатите, во еден дел сигурно се во право и нотарите. Верувам дека има и меѓународни пракси, ние не го измисливме ова, ќе ги примениме сите меѓународно добри, признати примери, и она што е пракса во Република Македонија, сослушувајќи ги аргументите на двете страни, на крајот да се донесе правично законско решение за заинтересираните страни. Но, како што реков, во функција на интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска