Заев: Заедно со борците од НОБ чекориме во борбата за слобода и демократија

Од:

Имам задоволство да соопштам дека од денеска борбата за враќање на правдата, на слободата, на демократијата, заедно ќе ја чекориме оваа битка со Сојузот на борците од НОБ.
Денеска беше потпишана Платформата за демократска Македонија од Сојузот на борците коишто уште преку Народноослободителната борба ги ставија темелите на современата македонска држава, рече Заев.

Јас, како помлад човек од сите овие членови на Сојузот на борците, горд сум што можам да кажам дека заедно со сите нас потписниците на Платформата за демократска Македонија, застанува Сојузот на борците.

Затоа што учевме од нив, живеевме со тоа што тие го направија кога се создаваше современата македонска држава и еве денеска продолжуваме заедно да се бориме за принципите и начелата коишто стојат во оваа Платформа што денеска заедно ја потпишавме.

Да потсетам, во Платформата заедно сите се залагаме за регуларни, фер и демократски избори преку целосно исполнување на условите. За да може да ова врвно демократско право да го имаат сите граѓани на Република Македонија.

Во Платформата заедно се залагаме за враќање на правдата и правната држава, за враќање на демократските институции, за департизација и деполитизација на институциите. Заедно се залагаме за Македонија повторно да биде нормална земја којашто ќе чекори на патот на Европската унија и НАТО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев