Заев за зградите кај „Холидеј ин“: Размислуваме за реакциите на граѓаните, ама и за почитувањето на законите

Од:

Секоја реакција на граѓаните е вредна за размислување, но секако и почитувањето на законот и Уставот на државата е вреден и за размислување и за спроведување, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со онлајн-петицијата на граѓани против изградба на висококатници на паркингот спроти „Холидеј Ин“.

– Треба да се види законското решение, треба да се види дали одобрението за градба е во согласност Генералниот и со Деталниот урбанистички план, дали е согласно со Законот за урбанистичко планирање и дали е согласно со Законот за градење, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот истакна дека треба да се провери дали тој што го добил одобрението за градба ги исполнува законските услови.

– Тоа да биде согласно Законот за урбанистичко планирање од 2019 година, којшто јасно предвидува дека паркирањето се решава во рамки на парцелата, не може надвор по катни гаражи и тоа автоматски го намалува габаритот на изградбата, дека зелен простор треба да биде најмалку 20 отсто, а како што ме информираше градоначалникот има двојно повеќе зелен простор во целиот тој дел, истакна Заев.

Тој додаде дека ако е нарушен кој било од законите или во постапката на одобрение за градба, треба да се укине одобрението и да не се дава, а ако се исполнети законските основи треба да се искористи уставното и законското право за добивање одобрение за градба.

– Затоа Парламентот ги промени законите, на предлог на Владата, слушајќи ги граѓаните – за мегаломанството во градењето и големите катности и вградивме вакви механизми и алатки во самиот Закон за урбанистичко планирање и во Законот за градење коишто дефинитивно ги оневозмоуваат практично мегаломанствата во изградбата, рече Заев.

Викендов беше иницирана онлајн петиција против изградба на висококатници на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје. Како што информираа иницијаторите на акцијата, само за еден ден на петициата се потпишале околу 5000 граѓани.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски