Заев за Вечерњи лист: Ќе ја формирам новата реформска Влада во Македонија!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во денешното интервју за хрватскиот весник Вечерњи лист вели дека Македонија ќе оди напред и ќе биде формирана новата реформска Влада.

-Отворивме пат за собраниската седница на којашто треба да биде избран новиот претседател. Очекувам во понеделник, да се избере претседател на Собранието на Р.Македонија. Тој ќе го извести Иванов дека е формирано парламентарното мнозинство и дека е должен веднаш да ми го даде мандатот. Очекувам дека нема го користам целиот уставен рок од 20 дена, туку дека многу побрзо ќе излезам со составот на новата реформска Влада. Македонија за брзо време ќе ја добие новата Влада, вели претседателот Заев.

На прашањето дали е постигнат договор помеѓу политичките партии тој да го добие мандатот за состав на новата Влада во Македонија, претседатлот на СДСМ вели:

-Јас ќе ја формирам новата Влада во Република Македонија. Ја имам поддршката од 67 пратеници за да бидам мандатар. Овие 67 пратеници претставуваат околу 700.000 граѓани на Македонија кои на кредибилни избори гласаа на 11 декември. Никој нема право да ја погази волјата на мнозинството граѓани изразена на демократски начин преку избори. Мора да се почитува мнозинската волја, тоа е порака и од домашната јавност и од меѓународната заедница. Никола Груевски имаше можност да формира Влада – не успеја. Не може затоа што Груевски не успеал да формира Влада, да нема нова Влада, кога на демократски, легитимен начин, познат за целиот демократски свет, е формирано новото парламентарно мнозинство, кое што е одраз на волјата на граѓаните изразена на избори. Тие со пенкало и глас се изјаснија за промена на режимската власт и живот и развој на демократска и европска Македонија! И тоа е патот на Македонија!

Претседателот Заев оценува дека е веќе јасно не само за демократската и меѓународната јавност во Македонија, туку и за поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ дека блокадата на демократските процеси и формирањето нова Влада, од страна на Иванов, од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, поттикнувањето поделби, насилство, меѓуетнички тензии од страна на Никола Груевски, се единствено обид на раководството на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на криминалните интереси и на одговорноста од нив.

-Ние го имаме парламентарното мнозинството и можевме и до сега да ја формираме новата Влада. Внимателно како и досега ги водиме политичките процеси, како одговорни политичари, наспроти несовесните политики на криминалците и неодговорните луѓе кои 10 години ја водеа дравата, за да дадеме пример како се работи во интерес на граѓаните и на државата. Така и ќе продолжиме да работиме откако ќе биде формирана новата Влада

Никој нема право да ја спречи демократски изразената волја на мнозинството на граѓаните на избори, вели меѓу другото во интервјуто за Вечерњи лист, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски