Заев за СЈО: Разумно решение во кое политичарите нема да одлучуваат за судските предмети

Од:

Во законот за јавно обвинителство што го предлагаме е замислено државниот јавен обвинител да формира тим од јавни обвинители од самото јавно обвинителство, државното јавно обвинителство со искуство поголемо од 15 години, кои ќе направат распределба на самите предмети и самиот јавен обвинител ќе утврдува дали има или нема докази, дали продолжува или не продолжува постапката.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешната тркалезна маса „Економските предизвици и ефекти од евроатланските интеграции“.

-Ова е веќе разумно решение каде што политичарите не одлучуваат што со иднината на предметите, туку одлучуваат обвинители и судии. И тоа е правниот систем. И тоа е ново, рече Заев.

На новинарско прашање Заев одговори дека лично нема слушнато што кажал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и ги нема сите детали но, како што додаде, тоа што го има како информации е дека предлага самите обвинители на кои ќе им бидат распоредени предметите тие да одлучуваат за иднината на предметите.

– Ако е тоа така тогаш е тоа во ред, тоа е нашиот правен систем, додаде премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи