А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев за изјавата на Каракачанов: Ќе продолжам да зборувам во духот на пријателството со соседите

by А1он10/12/2018 - 16:18285
Share0

Со Бугарија е веќе постигнат Договор за пријателство, а со подадената рака двете држави си признаваат дека дел од историјата е и заедничка. Но, и самиот Договор дава можности за меѓусебно да се почитуваат двете страни, истакна премиерот Зоран Заев на денешнава дебата за уставните измени во Штип прашан од граѓаните за најавите за оспорување на членството на Македонија во ЕУ од страна на лидерот на бугарската националистичка партија, Красимир Каракачанов.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заев рече дека очекува европските вредности да бидат прифатени од сите.

-Дека јас сум Македонец, дека јас зборувам македонски јазик, тоа е мое право. Тоа е европска вредност. Јас очекувам навистина европските вредности да бидат прифатени од сите, како што исто така подадов рака и прифатив дека споедлуваме заедничка историја. Ќе продолжам да зборувам во духот на пријателството и ќе продолжам да градам пријателство, без разлика на какви причини некој темели свои изјави или слично. Јас верувам дека и господинот Каракачанов и министерката Захариева и премиерот Борисов, но пред се бугарскиот народ е пријателски народ на нашиот народ, рече Заев.

Тој забележа дека Европа му дозволи да се обрати на македонски јазик во Европскиот парламент, а со тоа, како што рече, го верификуваше македонскиот јазик.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според премиерот, доволно сме заглавени во минатото, треба да се оди напред кон иднината.

-Останувам да бидам поборник за градење пријателство со Грција и Бугарија, иако овој пат не е лесен бидејќи ќе излегуваат различни препреки. Но, пријателството треба да го градиме, заради тоа што со овие договори не е еднаш за секогаи дадено, туку треба да се негува, да се заштитува и да се гледа напред, заради тоа што истовремено е и интерес на граѓаните на Македонија и на граѓаните на Бугарија, потенцира премуерот Зоран Заев.

bugarijakarakacanovZaev

Би можело да ве интересира

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он08/09/2026 - 17:2408/09/2026 - 17:37

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

Горан Наумовски25/08/2026 - 21:36

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:42

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 12:3618/08/2026 - 13:59

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Горан Наумовски08/08/2026 - 19:50

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

Горан Наумовски08/08/2026 - 14:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео