Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција објави снима од разговор меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески околу уривањето на објектот Космос.
Груевски, вели Заев не е задоволен од текот на рушењето бидејки според него била мала штета направена.
Транскрипт
НГ: Миле, ова добро иде, така?
МЈ: Добро претседателе, ама има сеа нова ситуација, не знам шо е, се појави судика Кацарска.
НГ: Што?
МЈ: Кацарска судија некоја се појави на градежници, уште некои документи да достави, ја испративме во општината, се слушнав и со Билјана, страв ми е да не ни дадат судски налог за забрана за рушење.
НГ: Ијјј.
МЈ: Сега ќе знам за 10 минути.
НГ: Еј, еј, еј.
МЈ: Му се јави Билјана и на претседателот на Суд да видиме што е работата.
НГ: Мхм.
МЈ: Сеа со тоа се занимавам.
НГ: Кај потплатил он видиш.
МЈ: Судска ферија. Билјана вика досега не се случило да одлучат во два саати, ама сé е можно.
НГ: Све е можно, да.
НГ: А, донела нешто?
МЈ: Рекла, сакам документи да доставам и на градилиште, да влезела у градилиште и инспекториве имаат налог никого да не пуштаат, ја пратиле во општината, ќе знам за едно 15 минути. Ќе ви се јавам.
НГ: А, да се чуеш ти со овој највисокиот таму?
МЈ: Ама, Основен суд Скопје 2 е. Сега Билјана зборува со претседателот на Судот. Во моментов и се јавив, пред две минути.
НГ: Мхм, мхм.
МЈ: Инаку, ок оди. Имаше проблеми сабајле, се откажуваа мајстори и такви работи, ама да не ве замарам со глупости.
НГ: Како се откажуваат?
МЈ: Па, дојде една екипа и тој што го води машината вика, ја не сакам овој објект да го работам и си замина. Па друг најдовме, и така.
НГ: А, зашо не сака?
МЈ: Од кај знам. Страв му било, бега, не знам шо, не знам како. Се уплашил, од кај знам.
НГ: А, они се појавија таму?
МЈ: Кои?
НГ: Па, тајфата на овој.
МЈ: Не, не. Во ФОН биле.
НГ: Каде биле? Во ФОН?
МЈ: Во ФОН, во Факултет.
НГ: Аха.
МЈ: Денес доставено е и ова до извршителот за 5 милиони евра наплата на хипотека.
НГ: Види, ако е тоа до општината, општината треба по пошта да му го прати на овој, како се вика, Сашо.
МЈ: Нема, тој е од судот, ама општината извршува, ние само координираме. Не дај Боже да е тоа. Тоа судот забранува директно да општината да го работи ова.
НГ: А, досега има доволно направено рушење за да не може да продужи?
МЈ: Има четири, пет стуба скинато, оти место да одиме со машини, со сајли за мермер сечење, тие се многу ефикасни.
НГ: На кој кат?
МЈ: Одозгора надолу.
НГ: Аааа, значи ништо немаме. Одозгора надолу. Многу ситна штета е тоа.
МЈ: Ситна, ситна.
НГ: А?
МЈ: Еве, сега влегоа во објектот, мислам сега, почнаа да работат, дур ги приклучија машините на струја, на вода.
НГ: Сега?
МЈ: Не мислам сега, кај 10 саатот почнаа да работат овие со машиниве, ама се симнаа овие со сајливе, почнаа пред два саати.
НГ: Мхм, мхм.
МЈ: Зошто само три часа требаше да дојдат двајца професори да направат мини проект да видиме за три четири дена ако можеше скроз да падни како оној Рудине што е објектот. Зошто не знаевме внатре како е, градба, многу има челик ставено, многу тешко се сечи.
НГ: Мхм.
МЈ: Ај да видиме ова што е, па ќе ве барам.
НГ: Ајде, ајде, се слушаме.