А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: За граѓаните кои заради околностите ќе останат без работа, Владата обезбедува половина од просечната плата што ја земале

by А1он29/04/2020 - 16:4429/04/2020 - 16:45551
Share0

Владата предводена од СДСМ се грижи за сите и преку пакет различни мерки за различните категории граѓани, преку иницирање солидарно однесување во општеството, ќе направиме се ударот од кризата да биде најмал, напиша денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил, додавајќи дека за ова охрабруваат и денешните проекции на Светска банка, според кои, се проценува дека Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот.

Следете a1on на Instagram Instagram

– За оние кои заради околностите ќе останат без работа, владата преку друга мерка обезбедува 50 проценти од просечна плата што ја земал граѓанинот, преку системот на социјална заштита. Ударот врз економијата е голем, но ќе успееме да ги заштитиме работниците. Во најтешкиот месец, април, нови невработени се 6.800 граѓани од вкупно 800.000 вработени граѓани, вели Заев.

Тој на Фејсбук профилот пишува дека е сигурен оти со обезбедувањето флексибилност во користењето на мерките, бројката на новоневработени во следниот период ќе биде уште помала, како и дека во меѓувреме ќе активираат нов погон за македонската економија и преку креативни чекори ќе се обезбедат нови работни места.

– За сите квалификувани работници сигурен сум дека лесно ќе се најде работно место на пазарот на трудот, нагласува Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претседателот на СДСМ информира дека средствата кои Владата заедно со Светска банка ги обезбедила за компаниите и за работниците се за спас на многу работни места, а за да можат да аплицираат фирмите, појаснува Заев, да ги искористат средствата и со тоа да спречи губење на многу работни места, обезбедена е флексибилност во условите за користење на мерките.

– Најпогодените сектори од кризата со коронавирусот, како угостителството, туризмот и транспортот покрај 14.500 денари по вработен, добиваат поддршка и од 50 проценти од придонесите за април и мај. Фирмите кои ќе ја користат мерката помош од 14.500 денари по вработен, дури и да покажат добивка за 2020 година, нема да ја вратат помошта што ја добиле од Владата, но под услов истата сума на пари да ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година, појаснува Заев.

Фирмите можат да ги користат сите мерки на Владата, исклучиво доколку не спроведат отпуштања од поголеми размери, односно доколку евентуалните отпуштања не се поголеми од 5, 10 или 15 проценти соодветно за големи, средни, мали или микро фирми.

nevrabotenostsvetska bankaZoran Zaev

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2026 година на 2,5 проценти

А1он11/06/2026 - 17:43

Во првиот квартал најбарани работници во услужните дејности и продажбата

Катерина Ѓуровски02/06/2026 - 08:23

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Катерина Ѓуровски10/05/2026 - 13:13

Светска банка: Умерен економски раст за Македонија – 2,9% годинава, 3% во 2027 и 2028

Горан Наумовски29/04/2026 - 11:16

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 13:2225/02/2026 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео