Заев за Денот на полицијата: Искрена почит за професионалците, продолжуваме заедно да градиме модерна, ефикасна и професионална полиција!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на 7. мај, Денот на полицијата на Р.Македонија, упати честитка до припадниците на полицијата и безбедносните служби.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име, ви го честитам денешниот Ден на полицијата во Р.Македонија. Изразувам искрена почит и благодарност до сите професионалци кои во најтешките услови на режим, насилство и обиди за дестабилизација, одговорно и достоиствено работеа и работат во служба на граѓаните на Р.Македонија.

Да се биде дел од полицијата и од безбедносните служби е одговорност, но и чест, а за нив се потребни и совест и свест. Сите треба да сме среќни што Република Македонија има професионалци што можат да ги заштитат граѓаните, државните интереси и уставниот поредок на државата и го прават тоа.

СДСМ како партија што ќе ја предводи новата реформска Влада се обврзува пред вас и пред граѓаните дека ќе овозможи професионална, модерна и ефикасна полиција, ослободена од лични, партиски и какви било други влијанија. Ќе го заштитиме личното и професионално достоинство на сите припадници на полицијата и безбедносните служби преку подобрување на условите за работа и на работниот статус.

Ќе обезбедиме полиција којашто ќе ги штити граѓаните и неселктивно ќе се бори со криминалот и корупцијата преку непристрасно спроведување на законите за сите“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел