Заев за демолирањето на МНТ: Секој вандалски чин е за осудување, да се надоместат штетите

Од:

Премиерот Зоран Заев ги повика организаторите на прослава во петокот во која беше уништен инвентар на Македонскиот народен театар да си понесат одговорност и да ја надоместат штетата. Иако СДСМ, како што рече премиерот, е против градбите од проектот „Скопје 2014“ , тие се сега државна сопственост и никој нема право да го крши инвентарот.

„Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Јас бев информиран дека учествувам во првиот дел на активностите, а тоа е делот на одбележувањето на Денот на албанската азбука, без присутен таму, останав дури малку и на коктелот и заминавме. Ми кажаа дека има втор дел, за млади. Вториот дел испадна дека и не била толку културна манифестација. Треба да си понесат одговорност одговорните луѓе за таа работа“, рече премиерот Заев.

Тој утрово на координација од колегите слушнал дека дел од медиумите објавиле дека во МНТ синоќа биле направени штети, но не бил детално запознаен со настанот.

Премиерот не оговори директно на новинарското прашање дали ќе бара одговорност од пратеникот Артан Груби кого го посочија како координатор на прославата.

Во петокот во МНТ навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот тим „Шкупи“ влегла за да го проследи документарниот филм по повод нивниот 30 – годишен јубилеј, но за време на настанот го оштетиле инвентарот во театарот.

Директорката на МНТ, Симона Угриновска изјави дека не била информирана за вториот настан. Таа во координација со Владата дала дозвола за одбележување на Денот на албанската азбука, настан кој се одржал пред јубилејот на „Шверцери“.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“