Заев за „А1он“ откри дека се откажува од повеќето привилегии, а ќе користи само една

Од:

Поранешниот премиер, Зоран Заев, ќе користи само една од привилегиите кои му ги овозможува Законот за Влада. Тој за „А1он“ вели дека нема да користи апанажа. Иако има право, Заев се откажува и од користење државен автомобил и возач. Делумно, ќе користи само државно обезбедување. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере, за да го чуваат 24 часа. Но оваа привилегија, според неговото кажување, нема да ја користи во целост.

„Апанажа нема да користам. Ќе се вработам во нашите семејни фирми, па возило за мене ќе имам од семејните фирми. Обезбедување, ќе користам делумно како што предвидува законот“, вели Заев за „А1он“.

Заев има право да користи привилегии четири и пол години, колку што и ја извршуваше премиерската функција. Истите, му следуваат од денеска, кога му престанува функцијата.

Вакви привилегиите за поранешните премиери беа овозможени со измени на Законот за Влада во 2017 година, пред промената на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш СДСМ сметаше дека овие привилегии не треба да се дозволат бидејќи според нив, дозволувањето на поранешен премиер сам да одбере колку и кои обезбедувачи ќе го чуваат е покажување страв и слабост, но и луксузирање.

Заев во текот на мандатот доби повеќе закани за убиство. Снимка со таква содржина беше прикачена и на „Јутуб“ а во која се слуша како се вели: „ Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“. Потоа, вевчанец беше уапсен откако преку видео упати порака дека ќе го убие и обеси Заев, но и Пендаровски. Во 2018 година, МВР посочи и дека се детектирани шест кривични дела за закани кон Заев, тие се документирани, со соодветни известувања до Основното јавно обвинителство, и обезбедени се наредби до социјалната мрежа Фејсбук.

Пред промената на власта, беа направени законски измени според кои премиерот на кој му завршила функцијата има право на лично обезбедување од шест лица вработени во единицата за обезбедување лица и објекти во МВР, како и право на користење службено возило и возач и тоа право го остварува во период ист со периодот на времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата, што значи дека Груевски ова право може да го користи 10 години.

Тогаш СДСМ побараа измени на оваа законско решение, а од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека е оправдано поранешни функционери да имаат 24 часовно обезбедување во времетраење колку што биле на функција, напоменувајќи дека во Макеоднија имало два обиди за атентати на поранешни претседатели кои се уште не се расветлени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува лојален на Заев, а со тоа останува лојален на криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески