(ВИДЕО) Заев: Ајде на дуел Груевски, бирај телевизија која сакаш

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од Струмица го предизвика на дебата премиерот Никола Груевски. Нека бира, рече, дали сака на Сител, Канал 5 или МТВ да разговараме за проблемите и за конкретни проекти.

Од Стримица рече Заев, можеме да му дададеме бесплатен модел, како се води општина без кредит, како се прави гасификација, како се прават подземни улици, но и тоа што е демократија.

Заев посочи дека за овогодинешниот буџет на општината од 54 амандмани за буџетот на ВМРО-ДПМНЕ, која е опозиција во советот се прифатени 52.

„Овие денови кога се дигнаа студентите на протест, кога се објави аферата со пасошите, Груевски како и секогаш кога се случуваат крупни работи е надвор од државата. За да го одвлече вниманието на граѓаните предлагаат и нов грб. Грбот со лавот има политичка заднина. И светото име ВМРО го узурпираа иако е на сите нас“, рече Заев.

image-492f440077c2c550b653f5148bdd33960f754cc083a38f7fb51714e46d8da279-V

Посочи дека се е поклопено од власта и полиција и судство и обвинителство, се е партија, држава нема.

Правна завршница за најавената бомба која ќе открие афери нема да има туку ќе има политичка разрешница.

„Оваа нова година нема здравје, среќа, пари да си посакаме, за 2015 да посакаме Груевски да си замине, затоа нема време за калкулирање, нема врме за страв да покажеме дека сме храбри и дека ја сакаме Македонија“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!