Заев: За 10-15 дена ќе имаме Влада, сите опции се отворени

Од:

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во идните денови ќе се разговара со сите политички партии за состав на нова Влада, а за 10 до 15 дена очекува да има исход од преговорите. Тој кажа дека коалицијата предводена од СДСМ може да формира Влада со ДУИ, Алијанса и Алтернатива, но додаде дека тоа зависи од отстранување на национализмите, прочистувањето на правосудството, проверка на имотот и капиталот на секој еден функционер кој е избран, кадровскиот потенцијал.

„Сите опции се отворени во преговарачкиот процес. Ќе разговараме за Влада која е решена и која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа. Секој ќе ја носи својата одговорност, без разлика дали е познат или непознат, експерт, функционер. Особено внимание ќе посветиме на проверка на потекло на пари и капитал и прочистување на судството. Еко држава ќе биде една од најсериозните теми на која ќе се посветиме. Идните чинители во идната Влада ќе мора да се посветени и на силна реформа на јавната администрација, но и промена за намалување на администрацијата за 20 проценти, помал број министри и поголем број и побрзи услуги за граѓаните. Владата за која ќе разговараме ќе води грижа за најсиромашните граѓани, ќе даваме поддршка на економскиот сектор. Ние во овој момент почнуваме со сериозни разговори, поставени на сериозни принципи кои ќе донесат Влада која ќе движи напред. Влада посветена на економијата и правдата. Влада која ги отвора преговорите за членство со ЕУ, Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја“, рече Заев.

Од денеска членови на партиите ќе имаат состаноци со сите партии од албанскиот политички блок, Заев кажа дека на првите средби не се очекува напредок во преговорите.

„Очекувам дека за 10 до 15 дена ќе имаме исход од овие преговори и дека многу скоро ќе ги кренеме сите македонски институции во полн капацитет за да може да се справуваат со најголемиот предизвик, Ковид-19. Пред нас е есента која носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици на болници, нова борба за јавното здравје и економскиот напредок. Не чека двојно повеќе и подобра работа со ангажман на секој од нас“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски