Заев во Шуто Оризари: Заедништвото и единството се наша предност и наше богатство

Од:

Се покажа, цела Македонија е за живот за сите, за промени и на локално ниво, освен на централно ниво и ќе има промени и во општина Шуто Оризари, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната средба со граѓаните на Шуто Оризари во Скопје.

-Заедништвото и единството се нашата предност и нашето богатство и тоа мора да го негуваме. Не сме само Македонци и Роми, вечерва го потпишавме и договорот со ДУИ кои ќе го поддржат нашиот кандидат за градоначалник, Курто Дудуш, со што победата овде во Шуто Оризари е извесна. Не само поради ова, туку и поради тоа што се охрабрија и граѓаните кои трпеа притисоци и гледаат дека повеќе нема потреба тоа да го прават, рече Заев.

Тој порача дека обврска е грижата за сите граѓани.

-Не може да се истураат милиони евра во градот Скопје, а овде да нема вода за децата, светилка да нема.

Претседателот на СДСМ, Заев најави дека граѓаните на Шуто Оризари ќе имаат за децата градинка каква што заслужуваат, а дека ќе се подобрат условите за работа на Пазарот во општината. “Да се грижиме за младите луѓе и да овозможиме на младите луѓе да живеат и работат овде“, повика претседателот на СДСМ, Заев.

-Општината им служи еднакво на сите граѓани, ќе биде отворена за сите и ќе биде сервис за сите, најави Заев.

-Да дадеме поддршка на единството, сплотеноста, и овде во Шуто Оризари мора да има живот за сите, порача меѓу другото, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓаните вечерва во скопската општна Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски