Заев во Сараево ќе ја прими меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“ и признанието „Во потрага по пријател“

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува на Свечената академија што ќе се одржи вечер во Народниот театар во Сараево, а на која е најавено дека ќе му биде доделена меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев во Сараево оди со потпретседателот на Собранието, Зекир Рамчиловиќ, претседателот на МАНУ, Таки Фити, пратеникот во Собранието Ферид Мухиќ и заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ.

Свечената академија ја организира Здружението „Клепсидра“ во кое што членуваат еминентни претставници на академската заедница во БИХ.

На Свечената академија ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а на настанот ќе присуствуваат бројни гости, дипломати, академици, личности од општествено-политичкиот живот од БИХ.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев