Заев во посета на Германија, ќе му биде врачена наградата за човекови права за 2020 година

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска е во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија, по повод доделување на награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС), информираат од Владата.

Церемонијата која ќе започне, а ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот во 15:45 часот, ќе може да се следи во живо преку каналите на социјални медиуми на премиерот Заев.

Покрај ова премиерот Заев, придружуван од министерот за надворешни работи – Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.

Би можело да ве интересира

Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија

А1он

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски