Заев во Охрид: Уште од понеделник ќе заигра метлата во Владата и претпријатијата

Од:

Уште од понеделник, ќе заигра метлата во Владата и претпријатијата, за после да не ни биде виновен Цацко, рече Заев вечерва во Охрид.

Заев кажа дека ја примил пораката од граѓаните после првиот круг гласање, знае дека многумина од министрите и директорите по јавните претпријатија, но и на локално ниво, не си ја завршиле работата за која добиле доверба од народот и дека ќе мора да се повлечат. Или самите, или ќе бидат сменети.

– Штотуку се вратив од Берлин, каде бев заедно со министерот Димитров и останати мои соработници. Зад нашите политики стојат ио Меркел и Макрон, стојат и Берлин и Брисел, затоа што се тоа про-европски политики. Не е случајно што и третиот претседателски кландидат Блерим Река, практично, јавно ги повика своите поддржувачи во недела да гласаат за европска, просперитетна, демократска и мулти етничка Република Северна Македонија – рече Заев.

На трибината говореа и претседатседателскиот кандидат Стево Пендароски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и кандидатот за нов градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски.

Пендароски, уште еднаш ги повика охригани, но и сите граѓани во земјата, масовно да излезат во недела на гласање.

– Да направиме една свечена, демократска, празнична атмосфера. Да му покажеме на светопт дека со право наскоро влегуваме во асоцијациите во кои се најдемократските и најпросперитетните земји.Како граѓани заслужуваме да одиме напред, утре во НАТО, а потоа и во ЕУ, а не да се враќаме назад, во темното минато и заробената држава, во каква не турнаа Никола Груевски и сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ, со нивната кандидатка, која не покажа воља ниту за милиметар да се измести од истата таа политика и да се огради од тие политичари. Ја опустошија земјата и избегаа надвор – рече Пендароски.

Министерот Димитров, главно, се задржа на, како што рече, штетните политики и кочничарската улога на претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он