Заев во Њујорк ќе се сретне со Хан и Могерини

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во рамки на активностите за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк денеска ќе учествува на Глобалниот бизнис-форум на Блумберг, на кој ќе учествуваат шефови на држави и влади, како и претставници на најголемите светски компании.

Како што соопшти владината прес-служба, во текот на денот премиерот Заев ќе има билатерална средба со еврокомесарот за проширување на Европската Унија Јоханес Хан, а ќе присуствува и на вечерата што ја приредува високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Унијата, Федерика Могерини.

Претседателот на Владата Заев ќе присуствува и на приемот во организација на премиерот на Хрватска, по повод 25-годишнината од членството на оваа земја во Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната