Заев: Во критични времиња на пандемијата со Ковид-19, народите од Европа мора да бидат здружени

Од:

Премиерот Зоран Заев, кој од вчера престојува во работна посета на Атина, на својот профил на Фејсбук објави дека синоќа имал вечера со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и екс-претседателот на Франција, Франсоа Оланд, со кои се согласиле дека „ова е време кога заедно со националните интереси на секоја земја, ги споделуваме и солидарноста и кохезијата за да направиме уште еден чекор напред кон подобра заедничка иднина“.

– Првиот работен ден на конференцијата на угледниот „Економист“ во Атина го завршуваме со заедничка констатација дека во критични времиња, предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, народите од Европа мора да бидат здружени во справувањето со заканата по здравјето на граѓаните, на јавното здравје, на економијата и на општественото живеење, наведе Заев во објавата.

Тој потенцира дека пандемијата со КОВИД-19 значително го промени нашето секојдневие, но заедно сме тука за да станеме посилни, за да ја совладаме и победиме заканата која предизвика здравствена, економска и социјална криза.

– Заеднички ја исцртуваме стратегијата за да излеземе од кризата посилни и со продлабочено пријателство од справувањето со кризата, додава премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?