(ВИДЕО) Заев и Бешовски: Индустриска зона и откупен центар во Градско

Од:

Индустриска зона, нови работни места за младите и поддршка од централната за локалната власт, ветија лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Роберт Бешовски на денешниот митинг во Градско.

– Ќе ја промовираме индустриската зона овде во Градско. Конечна цел е да отвориме работни места. Градско е вистинска крстосница во Македонија, трансферзала север-југ, нема подобра локација за индустриска зона. Не само за да ни останат младите. Можеме да ја направиме општината привлечна и за домашни и странски инвеститори, рече Заев.

Пред жителите на Градско тој вети чесни политики и работење и на централно и на локално ниво.

Кандидатот за градоначалник на Градско, Роберт Бешовски, го претстави проектот за индустриска зона на локацијата кај регионалниот пат Градско – Неготино, на која, како што посочи, сега има само шут и ѓубре.

– Да направиме индустриска зона за мали и средни претпријатија, а ќе биде и откупен центар. Станува збор за површина од 56 декари. Руинираниот објект, се планира да биде реновиран во хотел, рече Бешовски и ги повика жителите на Градско да му ја дадат довербата во вториот изборен круг на 29 октомври.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски