Заев: Во ЕУ ќе мораме да го отвориме Уставот, но во моментов нема потреба за дополнување на етничките заедници

Од:

„Отсекогаш став на Владата било дека пред влезот во ЕУ ние мора да го отвориме Уставот. Една од причините се токму и помалубројните заедници, кои се присутни и живеат овде и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска, непосредно пред влезот. Имаме години пред нас, но изразената волја дека имаме спремност, не само за Бугарите, за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои ги имаме во државата од помалубројните етнички заедници, како отворено општество, европска земја, да го следиме примерот на европските земји“ – изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот нагласи дека граѓаните треба да знаат дека прашањето на пописот е „На која етничка заедница припаѓате?“. И тоа, како што рече е едноставно, дури во електронската верзија граѓаните можат да бираат се што е во кодната листа.

Заев информира дека неодамна имал координација со Торбешите кои живеат во различни делови од државата и додаде дека тие ќе можат слободно да се изјаснат.

-Не ни треба во моментот какво било уставно надополнување за секој граѓанин, како се чувствува етнички така да се изјасни во рамки на пописот. Тоа е слободно. Секој може недвосмислено, прецизно, јасно да си каже на која етничка заедница припаѓа или доколку припаѓа на некоја верска група да се изјасни дека припаѓа на таа верска заедница или ја практикува таа вера, рече Заев.

Премиерот додаде дека тоа се опциони прашања и граѓаните ќе треба сами да дадат директен одговор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

Орце Костов