Заев: Влегувањето на Француската агенција за развој е дополнителна поддршка за нашиот евроинтеграциски процес

Од:

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Француската агенција за развој предводена од регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, придружуван од амбасадорот на Република Франција во нашата земја Сирил Бомгартнер.

На средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, премиерот Заев изрази задоволство од неодамна потпишаниот договор за соработка со Француската агенција за развој, и истакна дека овој договор е од значење како дополнителна поддршка во достигнувањето на европските стандарди во нашата земја и истовремено претставува силен сигнал за зајакнување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција.

Премиерот Заев го оцени како исклучително значајно нагласеното внимание на Франција кон земјите од Западен Балкан во последните неколку години, како и стратегијата на Париз за поддршка на развојот и за евроинтеграциските процеси на земјите од регионот.

Амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер и во оваа прилика го повтори нагласениот интерес на Франција за регионот и додаде дека токму затоа од оваа година е зајакнато присуството на Француската агенција за развој на Западен Балкан и посебно во Република Северна Македонија.

Регионалниот директор за Западен Балкан на Француската агенција за развој Доминик Отберг од своја страна нагласи дека Франција и Агенцијата имаат нагласен интерес да учествуваат во повеќе проекти во Северна Македонија, со посебен акцент на енергетиката, јавното здравство, образованието, урбаниот развој, земјоделството, животната средина и транспортната инфраструктура.

Француската агенција за развој, информираше регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, има годишен буџет од 14 милијарди евра, и работи на 4.000 проекти во 115 земји во светот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот