Заев: Верувам дека аболицијата на Иванов ќе биде повлечена

Од:

Како дојде до прислушуваните разговори, која е целта на нивното презентирање во јавноста, каква е улогата на меѓународната заедница во разрешувањето на политичката криза во Македонија, одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите, се само дел од темите врз кои беше ставен акцент во интервјуто на претседателот на најголемата опозициска партија во Република Македонија, Зоран Заев, за Аnadolu Аgency (AA).

Заев во интервјуто за АА раскажува дека прислушуваните разговори кои што се објавија потврдуваат дека се следени над 20.000 граѓани, како и дека овие материјали се предадени во Специјалното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината за незаконско следење на комуникациите (СЈО). Тој вeли дека се работи за околу 1 милион и 50 илјади вкупни комункации, од кои дел се аудио, дел се транскрипти, дел се СМС пораки и сите заедно се доставени до независната институција СЈО.

– Самиот процес покажа дека тие месец и пол по објавувањето на бомбите, тоа е крајот на март 2015, ја уништиле опремата за прислушкување. Тоа се двата вида на опрема коишто се во МВР. Тоа е најсериозен доказ. Ако биле странски служби или ако тоа опозицијата го правела тие требало да ја чуваат опремата и да докажат дека тоа го правела опозицијата. Но, не успеаа да ги скријат доказите дека тајните служби години наназад ги следеле граѓаните во Република Македонија, опозицијата, новинарите, бизнисмените, верските заедници, другите институции, но меѓу другото и свои неколку врвни луѓе со политичка моќ во нивната партија и во власта – вели Заев, кажувајќи при тоа дека се слушани граѓаните во обем поголем од 2,5 милиони разговори, што според него ја докажува и анализата на Дојче Телеком која наскоро ќе излезе во јавноста.

Тој вели дека на секому во Република Македонија му е јасно дека тајните служби вршеле неовластено снимање на телефонските разговори помеѓу граѓаните во Република Македонија.

– Денеска токму тоа е утврдено, дека тоа се разговори добиени од луѓе вработени во тајните служби што со години го гледале тоа и трпеле, постојано слушајќи и претворајќи ги разговорите во транскрипти, најмногу за опозицијата, новинарите и за бизнисмените, давајќи ги на претставници на власта за нивна употреба. Им прекипало и ги донесоа овде во опозицијата зборувајќи дека доколку опозицијата тоа не го искористи тие не би знаеле што да направат. Нема институции каде тоа би можеле да го предадат затоа што обвинителството, судството и правосудството се под целосна окупација на власта, единствено останува опозицијата на Република Македонија да го искористи тоа во спас на Република Македонија – вели Заев.

Во однос на учествувањето и влијнието на меѓународната заедница во решавањето на политичката криза во Македонија, а поврзано со неодамнешниот коментар на претседателот Иванов дека некои претставници на странските земји премногу се мешаат во внатрешните работи на земјата, Заев рече дека сите четири македонски партии од власта и опозицијата ги повикале претставиците на меѓународната заедница да учествуваат во преговорите.

– Меѓународната заедница претставена од ЕУ и САД на наш повик, на опозицијата и власта заедно, е повикана да помогне и тоа тие го прават во рамките на Уставот, законот, и на меѓународните резолуции, декларации кои што нашиот Парламент ги има усвоено. Тие не преминуваат преку тоа. Ние побаравме меѓународна помош, некаде и во законите го пишува тоа, како што е законот за СЈО. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ, амбасадорот на САД во РМ, принципиелно ѝ помагаат на Македонија, а не на Груевски и Заев. Иако неколкупати имале причина многу луѓе да кажат, овде им помагаат на власта, овде на опозицијата. Тие само го менаџираат процесот, не се преговарачка страна во процесот. Тие се тука бидејќи и власта и опозицијата ги повикаа да дојдат и да ни помогнат, затоа што ако не беше меѓународната заедница кој знае какво сценарио ѝ се припишуваше на Македонија – рече Заев додавајќи дека лидерите на македонските партии се тие кои побарале помош од меѓународната заедница.

– Влијанието на големите сили во Македонија-

Зоран Заев не верува дека големите сили, САД и Русија, кои се во постојани несогласувања, имаат интерес своите сили да ги одмеруваат на овие простори каде што е Македонија и смета дека на Македонија ѝ е потребно пријателството со САД, ЕУ и со Русија.

– Јас не верувам во такви работи. Македонија гради пријателство со сите земји во светот. Точна е нашата определба за членство во НАТО и ЕУ. Тоа што граѓаните сметаат дека е најдобро за државата. Притоа и соработката со Русија и другите земји сакаме да ги негуваме. Некогаш, ставовите на Русија се изненадувачки, но можам да дефинирам дека тоа е можеби заради недоволна информираност или пак, Груевски како што плаќа лоби групи во Вашингтон, плаќа и во Москва. Претпоставувам. Пријателството со САД и Русија ѝ се потребни на Македонија – рече Заев, кој не криеше дека некогаш го зачудуваат одредени ставови на официјална Москва.

– „Погребување” на Договорот од Пржино-

Заев во продолжение на интервјуто, зборувајќи за пропаѓањето на договорот од Пржино вели дека „дрскоста на власта е причината за ,погребување’ на договорот од Пржино.

– Фер, регуларни и демократски избори, е целта на договорот од Пржино. Што имаме исполнето од тој договор? Опозицијата се врати во парламентот, опозицијата престана да објавува разговори и опозицијата ги даде разговорите на СЈО. Анкетната комисија не се реализираше, која беше составен дел, прочистувањето на избирачкиот список не се случи, регулацијата на медиумите не се случи, разделувањето на партијата од државата не се случи. СЈО е целосно опструирано, посебно со овој акт, бидејќи има важни предмети кои што ги работи СЈО и техничката влада која во сериозен дел е урнисана со безобразието на владата којашто ги поништи сите решенија на двајцата министри во власта, тоа е Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика и им ги даде надлежностите на двајцата директори за јавна безбедност, Управата за безбедност и контраразузнавање и на државниот секретар. Тоа е директен удар врз договорот од Пржино. Се пропушти можноста да создадеме услови за регуларни, фер и демократски избори – вели Заев.

– Ненасилни демонстрации –

“Со многу трпение, со многу труд, со многу прецизност и посветеност ќе му покажеме на светот дека може да падне режим без да има жртви. Со тоа малата Македонија ќе ѝ одржи лекција на демократска Европа, на Африка, на Азија, Америка и сите. Јас верувам. Само треба нерви и трпение. Граѓаните заедно сплотени од сите партии, граѓански организации сите заедно со упорност и трпение го соборија режимот и ги вратија институциите на граѓаните”, вели Заев во интервју за АА зборувајќи за актуелната политичка криза во земјата.

– Контроверзниот случај „Монструм” –

Судскиот случај „Монструм”, односно случајот кај Смилковското езеро во близина на Скопје, од 2012 година, кога беа убиени пет лица, предизвика бројни реакции во македонската јавност. Заев на почетокот на објавувањето на прислушкуваните разговори вети дека ќе го обелодени тој случај за да подоцна излезе со став дека не би било добро во интерес на заедништвото и мирот во државата да бидат објавени деталите за овој случај, за кои во јавноста постоеше голем интерес.

– Како граѓанин и јас посакував, но како лидер на опозицијата морав да внимавам. Проценките беа дека може да се урниса единството што го создадовме како разни етникуми во Македонија а притоа да не постигнеме ефект кој го посакуваме. Граѓаните со муслиманска вероисповест го очекуваа тоа, оти беше фрлено сериозно обвинување дека одреден муслимански радикализам го има направено. Тоа остана во сомневање во целата јавност. Објавувајќи го случајот за Љубе Бошковски, не го ослободи Љубе Бошкоски од затвор, доколку го направивме тоа луѓето од Смилковско езеро немаше да бидат ослободени од затвор. Секако денес одлучивме да го сочуваме тоа единство. Веќе со формирање на СЈО се отвори тој процес. Во периодот што доаѓа пред нас ќе има сериозни чекори за вистината и правдата на овој случај да излезат на површина. Се надевам дека правдата ќе ја дочека секој. Ако некој е невин и лежи во затвори да си ја дочека правдата – образложува Заев кој вели дека очекува правна разрешница за овој случај бидејќи, како што наведува, секој граѓанин во Македонија ќе ја дочека правдата.

– Заев: Аболицијата на Иванов ќе биде повлечена –

– Верувам дека аболицијата на Ѓорѓе Иванов ќе биде повлечена или ќе падне пред правните инстанци во Македонија и надвор од неа. Членот 6 од Европската конвенција гарантира правично судење на секој и таа аболиција мора да падне. Се надевам Ѓорѓе Иванов ќе ја повлече – одговара Заев запрашан за одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на политичари против кои се водат истраги во моментов.

– Второ, со таа аболиција се уништени многу значајни предмети. Беа отворени 35/36 истраги за кои опозицијата поднесе пријави. Се надевам дека СЈО ќе продолжи да работи без разлика дали станува збор за лица од власта или опозицијата. Правдата треба да биде еднаква за секого – смета Заев.

Доколку СЈО биде уништено, ние повторно ќе ги објавуваме бомбите, вели Заев зборувајќи околу можните алтернативи за развојот на политичката криза.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска