Заев уверен дека Македонија и Грција ќе најдат достоинствено решение за спорот

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека Македонија и Грција ќе успеат да најдат достоинствено решение за спорот околу името.

– Верува дека ќе се изнајде решение, кое ќе биде досотинствено за двете страни и кое нема да задира во идентитетот на нашиот македонски народ, но и во потгребите од идентитеското поставување и на дел од народот во Грција, рече премиерот по денешната посета на Аквадуктот во Скопје.

Од него беше побарано да се произнесе на најавата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас дека нацрт-спогодбата ќе пристигне пред него во Скопје и оти не отстапува од тоа да има промена на уставното име.

– Не би сакал да навлегувам во коментарите од другата страна на преговорите. Нашите позиции се јасни. Ние сме подготвени за решение. На Македонија и требаат решенија и знам дека и на Грција и требаат решенија, нагласи Заев.

Додаде дека двете страни разговараат за изнаоѓање решение за името, со кое ќе се направи разграничување на регионот во Северна Грција, кој што се вика Македонија од Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска