Заев ќе го бара мандатот од Иванов

Од:

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев в понеделник ќе ги достави потписите на пратениците на СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците кај претседателот Ѓорге Иванов. Откако Централниот одбор на СДСМ завчера едногалсно одлучи Заев да биде мандатар, тој ќе побара од Иванов мандат за формирање на Влада.

По одлуката на ДУИ да ги даде потписите на Заев за тој да го добие мандатот, своите потписи му ги доставија и БЕСА и Алијансата за Албанците, чии лидери му ги гарантираа потписите на Заев веднаш откако Груевски не успеа да состави Влада, а за да го даде мандатот, Иванов од лидерот на СДСМ побара минимум 61 потпис.

Откако ДУИ потврди дека ќе ги даде потписите на Заев, како што вчера објави А1он, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ завчера имаше ноќна средба со претседателот Ѓорге Иванов, а вчера на својот Фејсбук профил се закани дека не политичарите, туку народот „ќе ја одбранел државата од Заев“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ