Заев: Тилески ќе победи во Охрид кога ќе си го видам тилот

Од:

Овие четири месеци од новата Влада покажавме дека сме луѓе од збор, тоа што го ветуваме, тоа и го остваруваме. Покажавме дека секој ден е можно нешто да се менува кон подобро и време е и Охрид да се приклучи кон тие промени. Тоа вечерва пред охриѓани го посочи лидерот на СДСМ Зоран Заев на завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија“.

Заев пред присутните порача дека Охрид не е обичен град, тој е наше и светско културно наследство, а наша должност и обврска е да го чуваме за идните генерации. Тој нагласи дека нема поигрување со Охрид и со езерото, најавувајќи дека во градот ќе се инвестира и општината ќе се развива, но ќе се почитува животната средина и историското наследство.

– Од 15-ти почнуваме со решавање на колекторскиот систем, за да имаме чиста и квалитетна езерска вода. Државата ќе ја преземе обврската за колекторот во Охрид и ќе се грижи за Охрид заради тоа што тоа ни е најголемото државно богатство, рече, меѓу другото Заев.

Лидерот на СДСМ потсети на мерките што се реализирани во изминатиот период за доброто на сите граѓани, особено за оние на кои помошта им е најпотребна.

– Минимална плата, поддршка за стечајците, евтина тарифа на струјата, укинување на радиодифузната такса и екстерното тестирање се само почетокот на она што следува. Преку ефикасна децентрализација ќе овозможиме рамномерен регионален развој на општините во сите делови на Македонија…Спроведуваме мерки за сеопфатен економски раст, државата пушта пари во стопанството и за 2018 година определивме повеќе од 70 милиони евра за поддршка на стопанството, за нови работни места, за развој, за вас, рече тој.

– Знаете кога ќе победи Тилески во Охрид? Кога ќе си го видам тилот. Ерата на Груевски заврши, тој е минато. Македонија чекори напред, чекори без Никола Груевски. На 15. октомври да потврдиме дека и Охрид и цела Македонија вртат нов лист, рече Заев.

Тој ги повика охриѓани в недела довербата да му ја дадат на кандидатот за градоначалник Јован Стојаноски, како чесен човек што ќе ги донесе промените во Охрид, човек кој како досегашен советник знае каква општина сакаат граѓаните.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ својот предизборен караван пред почетокот на изборниот молк го заокружи со денешните митинзи во општините Вевчани, Дебрца, Струга и Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ