Заев телефонски разговарал со Борисов за неговата претстојна посета на Бугарија

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на соработка меѓу двете земји.

„Во фокусот на разговорот беше Берлинскиот процес и заедничкото успешно претседавање кое е особено важно за зајакнување на регионалната соработка и интеграција на регионот во ЕУ, како и подготовките за претстојниот главен самит кој ќе се одржи во текот на ноември во Софија.

Двајцата премиери разговараа и за заедничката соработка во заштитата од пандемискиот вирус КОВИД-19, особено имајќи ги предвид искуствата на Бугарија во обезбедувањето заштитна опрема за стручниот персонал и за граѓаните.

Беше потенцирана и определбата на премиерите, двете држави и граѓаните за целосно искористување на можностите кои постојат за унапредување на економската соработка.

Во телефонскиот разговор се дискутираше и за организација на скорешна посета на премиерот Заев на Република Бугарија, како и за заедничко охрабрување на работата на историските комисии за изнаоѓање заеднички решенија прифатливи за двете страни.

Премиерот Борисов истакна дека Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, при што заедно со премиерот Заев изразија увереност дека двете страни остануваат ангажирани во спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, се наведува во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени